Помош околу објавување на огласи

Како се објавуваат огласи на pedigre.mk?

  1. Прв чекор кон објавување на оглас е со кликање на копчето „Објави Оглас“ кое се наоѓа во горниот десен агол од веб страната. 
  2. Потоа ќе Ви се отвори нова страница каде ќе има 3 точки:
    -Првата точка означува има на пакетот каде во моментов има еден пакет и е бесплатен. Потребно е да кликнете на копчето „Одбери“ за да продолжите понатаму.
  3. Второто поле од формата за огласување е делот за одбирање на Вашата посакувана категорија (пример: Вдомување). По селектирање на категоријата, почекајте неколку секунди за да Ви се отворат повеќе информации за пополнување на Вашиот оглас.

Пополнете ги информациите за Вашиот оглас како:

  • Наслов на огласот
  • Информации
  • Држава
  • За кој град се однесува огласот
  • Фотографии
  • Град на објавување (Вашиот град)
  • Лични податоци (Име, тел.број, емаил)

Третата точка и последна, е функцијата за пријавување на веќе постоечки корисник или пак регистрирање на нов. Доколку немате направено профил, регистрацијата нема да Ви одземе повеќе од 1 минута. Потребно е активна емаил адреса и корисничко име. Лозинката, за дополнително користење на платформата, ќе Ви биде пристигната на вашата емаил адреса (проверете и Спам фолдерот).