Австралиски Овчар

  • Класификација: Овчарско Куче.
  • Други имиња: Australian Shepherd
  • Земја на потекло: Соединетите Американски Држави
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 13 до 15 години
  • Темперамент: Активно, Интелигентно, Заштитувачки став
  • Тежина: Мажјак: 25–31,8 кг; Женка: 15,9–25 кг
  • Висина: Мажјак: 51–58 cm; Женка: 46–54 cm
  • Бои: Black, Red, Red Merle, Blue Merle, Black tricolor, Red tricolor, Merl

Изглед:

Крзно - Крзното се состои од средно и долго влакно коешто може да биде со изретчени или со лабави бранови и со густо подвлакно. Боите на Австралискиот Овчар можат да бидат црно-бело исшарани, црвено исшарани (црвено-кафеавкаста боја), обична црна или кафеава, по можност ознаки на тенот и малку бела.

Карактер:

Ова интелегентно, бистро, желно да учи куче е урамнотежено, внимателно, будно, активно, цврсто, многу лојално, со голема издржливост и се поврзува многу со семејството.

Дресура:

Дресурата е лесна затоа што Австралискиот Овчар нестрпливо и многу брзо се прилагодува. Доколку е проколнато на прошетка само три пати дневно, Австралискиот Овчар може да се однесува монотоно. Во прилог на одреден степен на нормално вежбање, овој вид бара да биде постојано окупиран. Разумно би било да биде инволвиран во подвижни вештини за дресура, трчање по топка, или во покорни натпреварувања – кои што би биле идеално прилагодени.

Грижа:

Релативно е потребно малку дотерување за неговото крзно. За време на митарење наслагата под неговото крзно се лупи, барајќи внимателно чешлање за да се отстранат опуштените влакна. Просечниот животен век на оваа раса е 12-13 години.

Познати заболувања:

Австралиското овчарско куче сесклони кон генетски наследната катаракта и тоа најчесто на двете очи. Исто така едно од 10-15 кучиња боледува од дисплазија на колковите, која промена кај оваа раса тешко може да се воочи поради нивниот висок праг на издржливост на болка. Од болестите на срцето страдаат од Patent ductus arteriosus, што всушност е пореметување на главната артерија која директно шири крв низ цело тело, прескокнувајќи ги белите дробови. Последица на сето ова е слабата снабденост на организамот со кислород, што кај младите единки во првите недели од животот е фатално.

Акита

  • Класификација: Моќни, мускулести и импресивни.
  • Други имиња: Akita
  • Земја на потекло: Јапонија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 11 до 15 години
  • Темперамент: Достоинствен, „алармиран“, пријателски настроен, храбар, вреден
  • Тежина: Женка: 32–45 кг; Мажјак: 45–59 кг
  • Висина: Женка: 61–66 cm; Мажјак: 66–71 cm

Земја на потекло:

Акита, или уште Акита Ину (ину на јапонски значи куче) или Јапонска Акита е најголемата и најпозната кучешка раса од Јапонија. Најпрвин оваа раса била одгледувана за ловење на елени, мечки и диви свињи, но подоцна во средниот век акитата била одгледувана и како боречко куче. Како и да е, јапонската влада ја забранила оваа нивна боречка улога откако акитата била прогласена за национално куче на Јапонија. Во 1918 година се оформило здружението Akita Inu Hozankai Society за да се зачува расата. Подоцна истото било прогласено за природен споменик на државата. Во 1937, кучето-водич на Хелен Келер било првото куче од оваа раса кое било донесено во Америка. Таму, акитата станала популарна по Втората светска војна кога многу војници се вратиле од Јапонија со такво куче. Денес, тие се доста популарни миленичиња во Америка и служат како чувари и полициски кучиња во Јапонија. Најпознатата акита во светот било кучето Хачико (Hachiko). Тоа секој ден одело на железничката станица да го пречека својот газда кога се враќал од работа. Дури и по смртта на сопственикот, верното куче Хачико продолжило да оди на железничката и да го чека својот газда да се врати секој ден се до неговата смрт после девет години. Денес има негова статуа на таа железничка и се одржуваат годишни церемонии во негова чест.

Карактер:

Акита кучињата имаат јак ловечки инстинкт и се доста смирени, спонтани и интелигентни, но и храбри што ги прави одлични чувари. Тивки се, достоинствени, силни и внимателни. Тие се и великодушни и љубезни и го сакаат човечкото друштво што ги прави одлични придружници. Воглавно се послушни. Ретко лаат. Препорачливо е овие кучиња да се чуваат внатре во домот и да им се придава доста внимание. Многу се заштитнички настроени. Не сакаат кога има други кучиња во нивна близина и доколку има мачки или други миленичиња во домот би требало добро да ги запознаете уште на самиот почеток за да избегнете агресивно однесување. Се спријателуваат со децата, особено со постарите деца, но исто така треба да им се даде и нивен личен простор. Воопшто не ги сакаат странците. Акита кучињата можат да бидат прекрасни фамилијарни миленичиња доколку се тренираат и дисциплинираат строго. Сопственикот на акита куче треба да е искусен и доминантен човек кој е подготвен да го издржува темпераментот на ова раса.

Грижа:

Акита кучињата треба да се чешлаат неделно со цел да се отстранат мртвите влакна, и да се чешлаат и со метален чешел два пати годишно кога се митарат. За да се избегне отстранувањето на природното масло од влакната на крзното, тие треба да се бањаат со нежен шампон само кога тоа е навистина неопходно. Влакната на дното на нозете треба да се поткаструваат од време на време. Подложни се на повреди на колкот и колената и проблеми со очите. Акита кучињата имаат легло од 5-7 кученца, а живеат околу 9-11 години.

Крзно:

Тие имаат дупло крзно. Крзното кое е однадвор е цврсто и круто, а крзното одвнатре е меко и густо. Влакната на главата и нозете се кратки. Влакната на опашката пак се подлоги од оние на останатиот дел од крзното. Го менуваат крзното два пати годишно.

Тренинг:

Потребен е самоуверен и упорен пристап за дресирање на ваквов вид куче. Повторување на вежбите или премногу строг тренинг можат да го забават процесот. Брзо и лесно ќе ги научите да уринираат на одреденото место. Мора уште на самиот почеток да ги запознаете со други миленичиња доколку живеат на исто место за да избегнете агресивно однесување. Бидејќи акита кучињата имаат значителна јакост тие треба да бидат и физички и психички стимулирани колку што е можно повеќе. Треба да ги шетате на ланче (и тоа доколку имате цврста рака) или да обезбедите некој простор за нивна активност. Тие уживаат во игри со семејството. Можат да се приспособат и доколку некое време не биле трениран, но ќе бидат помалку тивки и послушни. Акита кучињата можат да поднесат да живеат во стан се додека го добиваат потребниот тренинг.

Аљаски Маламут

  • Класификација: работно куче; влечно куче; домашно милениче
  • Земја на потекло: Аљаска
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 12 до 15 години
  • Темперамент: друштвени, предани и верени, самостојни
  • Тежина: 38 – 55 кг
  • Висина: 59 – 71 см
  • Бои: сива

Земја на потекло:

Аљаскиот маламут потекнува од арктичкиот регион каде го преживувал стдуот благодарение на неговото дебело крзно. Најпрво биле забележани во аљасканското село на Махлемутите кои биле Инуитско племе кое живеело во западниот дел на Аљаска. Аљаските маламути биле важен дел од племето Махлемут. Тие им биле придружници на луѓето од племето, но и работеле и ловеле и живееле заедно со нив. Тие биле ценети поради нивната големина и снага што ги правело одлични помошници кога требало да се влечат телата на фоки и мечки до селото. Ти биле ценети работници и придружници. Оваа раса била во опасност од истребување во периодот на златната треска во Аљаска во 1896 година, но биле спасени од еден одгледувач од Нењ Енгланд во 1920 години за подоцна и да порасне нивната популарност. Овие силни кучиња биле дел од походот на јужниот пол во 1933 кога служеле како влечни кучиња на санки, како и и неизоставен дел од периодот на Втората светска војна кога биле трагачи и спасувачи. Аљаките маламути се прототип на моќните и непоколебливи влечни кучиња.

Карактер:

Аљаскиот маламут потекнува од арктичкиот регион каде го преживувал стдуот благодарение на неговото дебело крзно. Најпрво биле забележани во аљасканското село на Махлемутите кои биле Инуитско племе кое живеело во западниот дел на Аљаска. Аљаските маламути биле важен дел од племето Махлемут. Тие им биле придружници на луѓето од племето, но и работеле и ловеле и живееле заедно со нив. Тие биле ценети поради нивната големина и снага што ги правело одлични помошници кога требало да се влечат телата на фоки и мечки до селото. Ти биле ценети работници и придружници. Оваа раса била во опасност од истребување во периодот на златната треска во Аљаска во 1896 година, но биле спасени од еден одгледувач од Нењ Енгланд во 1920 години за подоцна и да порасне нивната популарност. Овие силни кучиња биле дел од походот на јужниот пол во 1933 кога служеле како влечни кучиња на санки, како и и неизоставен дел од периодот на Втората светска војна кога биле трагачи и спасувачи. Аљаките маламути се прототип на моќните и непоколебливи влечни кучиња.

Дресура:

Иако аљаските маламути се друштвени и љубезни, сепак дресирањето треба да биде строго за ваквото куче да стане послушно. Може да биде потешко некои од аљаските маламути да ги издресирате да уринираат на определеното место.

Крзно:

Аљаскиот маламут има дебело двослојно крзно. Надворешното крзно е дебело и грубо, додека внатрешното крзно е мазно и волнено. Крзното е или чисто бело или мешавина од бело со црно, сиво или црвено, со бели нозе и бела рилка. Крзното на овие кучиња расте во зима, а се митари на пролет.

Тренинг:

На овие кучиња им е потребно многу движење и вежби. Потребно е барем еден час секојдневно исцрпно вежбање. Сакаат да влечат санки или било кој вид товарни коли и приколки, но исто така уживаат и да трчаат и да талкаат. Доколку не се движат и размрдуваат доволно, аљаските маламути може да станат депресивни.

Исхрана:

Тие јадат се што ќе им дадете, па внимавајте со количината храна која им ја давате за да не станат предебели.

Аљаска Хаска

  • Други имиња: Alaskan Husky / Sled dogs
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 10 до 15 години
  • Тежина: 17-27 кг

Карактер:

Аљаска хаската е желна, енергична, но и верна на фамилијата. Весела е и мирна. Некои се друштвени, а некои посрамежливи. Повеќето вакви хаски се бучни, посебно доколку се во група или повеќе од една. Вешти се во копање под огради или прерипување на огради. Тие можат да бидат хиперактивни внатре во домот и може да им стане досадно и да растураат и уништуваат работи низ домот доколку не се движат доволно. Не се спријателуваат лесно со други миленичиња, но можат да ги толерираат доколку се запознаат уште на млада возраст. Затоа пак, уживаат во друштвото на други аљаска хаски. Бидејќи се доста тврдоглави, дресирањето треба да биде упорно и трпеливо. Оваа раса не е погодна за оние кои немаат трпение. Не се погодни за живот во стан.

Земја на потекло:

Аљаска хаската не е посебна раса, туку еден генералер термин кој ги опишува сите мешани раси на кучиња кои наликуваат на северните кулиња кои влечат санки. Вообичаено, тоа е вкрстена раса од сибирското хаски и доберманот или со некој од хртовите (foxhound или greyhound). Некои од овие хаски доста јасно го покажуваат очигледното потекло од волк. Овој вид на хаски привлелке внимание за време на златната треска во Алјаска во доцните 1800 години. Тогаш, големи и силни кучиња биле потребни за да ги влечат санките со кои се транспортирале луѓето и добрата на долги дистанци. Откако сибирската хаска за прв пат била донесена во Алјаска во 1908 година и како подоминантна варијанта веднаш ја превземале улогата на влечење на санките, а обичните хаски поќнале да доминираат во трките со санки. Нешто подоцна, со појавувањето на моторните возила, во првата половина на дваесетиот век, тие станале помалку актуелни. Во 1970тите еден домородец на Алјаска, Џорџ Атла успешно размноѓил неколку вакви хаски и помогнал во зачувување на сортата. Денес, ваквиот вид на хаска остана најбрзото куче за влечење санки на кратки дистанци.

Крзно:

Тие имаат крзно со кратко влакно или пак крзно со влакно со средна должина кое е помалку густо отколку кај другите северни сорти што им помага во одржувањето на телесната топлина кога се тркаат. Крзното може да им е во било која боја или шара.

Тренинг:

Бидејќи се доста тврдоглави, дресирањето треба да биде упорно и трпеливо. Имаат потреба од повеќе вежби, но не треба да трчаат многу на топло време.

Американски Кокер Шпаниел

  • Класификација: ловџиско куче (птичар) и домашно милениче
  • Други имиња: American Cocker Spaniel
  • Земја на потекло: Америка
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 12 до 15 години
  • Темперамент: весел, активен, жив, друштвен, верен
  • Тежина: 7 – 14 кг
  • Висина: женките околу 36,5; а мажјаците околу 38 см
  • Бои: сите бои

Земја на потекло (Историјат)

Потеклото на американските кокер шпаниели датира од XIV век од Шпанија. Оваа раса потекнува од англискиот кокер шпаниел кој бил донесен во Америка во 1880 година. Шпаниелите во америка биле размножени со помала големина и биле наречени американски кокер шпаниели или само кокер шпаниели. Англискиот и американскиот кокер шпаниел се разликуваат многу малку во својот изглед, односно англискиот кокер шпаниел има поголемо тело и подолга рилка. Американскиот кокер шпаниел е доста попопуларен од англискиот. Кокер шпаниелот е ловџиско куче-птичар кое е способно за лов на суво копно, на сурови терени, па и во мочуришни области. Името кокер всушност доаѓа од името на птицата чапља или шумска шљука (англ. woodcock). Кокер шпаниелите се познати токму по ловот на овој пердувест дивеч. Американскиот кинолошки клуб ја признал оваа раса во 1873 година. Американските кокер шпаниели се соодветни за живот и како ловџиски кучиња и како домашни миленичиња. Порано биле попоуларни како ловџиски кучиња, а денес тие се попопуларни и едни од поомилените домашни миелничиња.

Карактер:

Американскиот кокер шпаниел е весел, активен и жив. Тие се прекрасни домашни миленици и се однесуваат добро и со други кучиња, и со децата, па и со туѓинци. Иако тие се друштвени со сите, добро е да ги социјализирате уште додека се мали за да ја избегнете можноста да станат срамежливи. Желни се да удоволат и ќе реагираат добро на правилна дресура и команда. Тие се храбри и спремни за работа и движење и исполнување задачи. Тие се шармантни домашни миелничиња кои постојано ќе ја мрдаат својата опашка што е знак за нивната весела природа. Со нив ќе треба да бидете љубезен сопственик и лидер и потребно е секојдневно движење и размрдување за тие да бидат среќни.

Неопходна грижа:

Крзното на американскиот кокер шпаниел треба да се четка и чешла редовно за не биде заплеткано. Треба да го носите на професионално стрижење на секои два до три месеци за крзното да биде изгледа добро и уредно. Стрижете ја вишокот коса во ушите и меѓу шепите. Бришете ги деловите под очите често затоа што очите им солзат. Американските кокер шпаниели се митарат просечно. Овие кучиња ќе живеат удобно во стан доколку се движат и тренираат доволно. Како и да е, тие се доста активни и внатре во домот. Најдобро би било доколку имате барем мал двор каде може да се движат и да си играат. Не оставајте ги да живеат сами надвор во куќарка.

Тренинг:

Овие кучиња се полни со енергија, па потребно е секојдневно движење и вежби. Водете ги на долги прочетки секој ден. Кога ги шетате избегнувајте предели со грмушки и трња затоа што тоа може да го заплетка и уништи крзното. Исто така, кога ги шетате многу е важно тие да бидат до вас или позади вас, а не тие да ве водат, затоа што за нив важи дека тој што води, тој е главен.

Американски Стафорд Бултериер

  • Класификација: куче чувар
  •  
  • Земја на потекло: Америка
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 11 до 13 години
  • Темперамент: лојални, строги кон себе, настојчиви, предани, бучни
  • Тежина: 16 – 22 кг
  • Висина: 40– 48 см
  • Бои: црвена и беж со или без бели прамени

Земја на потекло:

Американскиот Стафорд териер се добил со вкрстување на булдозите со постарите видови териери. Тие се тесно поврзани со американскиот питбул териер со кој се сметале за иста раса до 1960 години. Порано американските Стафордшир териери била користени за нелегални борби со кучиња во Америка. Расата била препознаена и призната како посебна раса во 1963 година. Овие териери биле многу популарни меѓу ранчерите и фармерите на кои им служеле како чувари, придружници и за ловење диви свињи и добиток. И покрај нивната репутација на диви и бесни кучиња, тие се сепак и верни кучиња чија популарност како домашни миленичиња секој ден се повеќе расте. Агресивноста на овие териери најчесто е насочена кон други кучиња, а не луѓето, но истата може да биде надмината со правилна дресура. Многу американски Стафордшир териери се и полициски кучиња кои со трагање и душкање им помагаат на полицајците да лоцираат незаконски супстанци како дрога на пример. Popsicle е едно од најпознатите американски Стафордшир териери кое го лоцирало еден од најважните претреси за нелегално поседување на огромна количина кокаин во историјата на FDA.

Карактер:

Американските Стафордшир териери се лојални, строги кон себе и настојчиви. Имаат многу енергија, па доста се издржливи. Тврдоглави се и бестрашни, но многу внимателни и нежни со фамилијата која ги чува. Добро се сложуваат со луѓе на секоја возраст, а особено добро со децата. Добро ќе се сложуваат и со мачки и други домашни миленици доколку соодветно ги социјализирате. Доколку не ги дресирате и социјализирате навреме тие може да бидат агресивни и да се степаат со други кучиња, особено доколку се предизвикани. Тие се одлични чувари на домот. Пријателски се настроени кон туѓинци доколку нивниот сопственик е присутен. Ваквите териери се прекрасни домашни миленичиња доколку фамилијата која ќе реши да чува вакво куче може да ја поднесе буката која овие териери може да ја направат. Бараат многу внимание од својот сопственик, на кого сакаат да му угодат, па ќе ви бидат верни и посветени.

Тренинг:

На американските Стафордшир териери им е потребно многу движење. Ќе обожаваат да трчаат покрај вашиот велосипед или да го фаќаат летечкото топче или фризби. Тие може да живеат во стан под услов да добиваат доволно внимание и вежби за да се раздвижат колку што им е потребно да ја потрошат својата енергија.

Дресура:

Уште додека се мали треба да ги научите да не го влечат ременот, бидејчи откако ќе пораснат тие се доста силни кучиња. Доколку дресирањето е доследно тие ќе научат многу. Интензивна социјализација е потребна уште од рана возраст за да се избегне да станат агресивни и премногу бучни. Сепак, тие се и послушни и сакаат да му угодат на својот сопственик. Дресирањето треба да биде строго, но трпеливо и учтиво.

Англиски Булдог

  • Други имиња: English Bulldog
  • Земја на потекло: Англија
  • Животен век: 8 до 12 години
  • Темперамент: искрени, некомплицирани, нежни, осетливи, љубезни, паметни, бестрашни
  • Тежина: 22 - 25 кг
  • Висина: 31 - 40 см
  • Бои: еднобојно: во беж, црвена или кафено-црвена боја, двобојно: во црвена и бела и кафена и бела боја, или шарено во сива и бела боја

Земја на потекло:

Англискиот булдог (или само булдог) за прв пат е размножен во Англија во 1500 години за да учевствува во тогаш популарната игра за коцкање во која едно или повеќе кучиња му се спротивставувале на окован бик. Бидејќи биле одгледувани за борење тие имаат „железна вилица“ со која многу лесно можеле да го задават противникот. Популарноста на булдозите се намалила кога ваквата боречка игра била забранета, но неколку обожаватели кои продолжиле да ги одгледуваат успеале да ја зачуваат нивната раса во живот. Денес тие се препознатливи и познати по нивното намуртено лице и служат како симболи и маскоти на многу спортски тимови и слично. Се вели дека булдозите се воедно и симбол за непопустливоста на Англичаните и многу популарни домашни миленици меѓу Американците.

Карактер:

Англиските булдози се искрени, некомплицирани, нежни, осетливи, љубезни, паметни и бестрашни. Познати се по нивната преданост и верност, како и по нивното весело однесување кое е сосема во контраст со нивниот намуртен изглед. Најсреќни се кога се покрај својот газда, а недостојно ќе се однесуваат доколку ги игнорирате. Тие се живи, активни, подготвени за акција, желни за играње, но не и многу бучни. Уживаат да се дружат со други кучиња и други домашни миленичиња. Одлично се сложуваат со децата. Некои булдози се претпазливи со туѓинци, но повеќето се пријателски насторени кон секого. Булдозите често се лигават и ’рчат.

Дресура:

Англиските булдози се многу осетливи на тонот на дресерот што го прави дресирањето брзо и лесно. Како и да е, потребно е да сте доследни. Љубопитни се и брзо ги учат едноставните задолженија, но исто така се и непредвидливи, бидејќи знаат да бидат и тврдоглаи понекогаш.

Тренинг:

Потребата за движење на булдогот нема воопшто да ви го искомплицира секојдневниот живот. Тие лесно ќе се адаптираат на активностите на фамилијата. Доволен одмор е клучен за булдозите да развијат здрави коси, мускули и зглобови. Не очекувајте булдогот да трча на долги патеки. Тие се соодветни домашни миленичиња за живот во стан.

Крзно:

Англискиот булдог има кратко, мазно и сјајно крзно. Тоа може да биде еднобојно: во беж, црвена или кафено-црвена боја, двобојно: во црвена и бела и кафена и бела боја, или шарено (бенкичаво) во сива и бела боја.

Англиски Кокер Шпаниел

  • Класификација: ловџиско куче (птичар) и домашно миелниче
  • Земја на потекло: Англија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 12 до 15 години
  • Темперамент: паметен, весел, љубезен, нежен, верен, друштвен
  • Тежина: 12 – 16 кг
  • Висина: 36 – 43 см
  • Бои: црна, црвенкасто-кафеава, црвена, црно-бела или црно-црвена

Земја на потекло:

Англискиот кокер шпаниел е еден од нјастарите шпаниели кои ни се денес познати. Потеклото на шпаниелите датира уште од XIV век од Шпанија и името го добиле по шпанскиот збор 'Espanol'. Тие биле однесени во Англија каде биле размножени со помал раст и поделени во седур различни видови на шпаниели; англиски спрингер, кокер шпаниел, кламбер, сасексшки, велшки спрингер, полски и ирски воден шпаниел. Кокер шпаниелите и спрингер шпаниелите се развиле заедно во, а се разликувале само во големината до 1892 година кога англискиот кинолошки клуб ги признал како посебна раса. Америкаснкиот и канадскиот кинолошки клуб ги прифатил како посебна раса различна од американскиот кокер шпаниел во 1946 година. Англиските кокер шпаниеил биле ценети поради нивните добри ловџиски способности. Тие се способни да ловат на сурови терени, и на копно и во вода. Послушни се и ги почитувале комадните. Одлични се и како ретривери.

Карактер:

Англискиот шпаниел е паметен, весел, љубезен, нежен и друштвен. Многу се верни, го сакаат човечкото друштво и не сакаат да се сами долго време. Најчесто тие ќе се приврзат најмногу само со еден член од семејството. Добро се сложуваат со децата. Познати се по лаењето, но не лаат постојано туку повремено. Лесно ќе се спријателат со други луѓе, други кучиња и домашни миленичиња, но претпазливи се со туѓинци (особено ако не се правилно социјализирани). Знаат да бидат своеглави понекогаш, па ќе сакаат да ви ја превземаат улогата на лидер што може да го отешни дресирањето и тренирањето. Сепак, тие се и многу паметни и брзо сфаќаат, па ќе ги научат и прифатат вашите команди без поголеми проблеми.

Неопходна грижа:

Крзното на англискиот кокер шпаниел треба да се четка и чешла редовно. Некои крзна може да имаат вишок коса која изгледа како памук и да се склони кон митарење, но некои крзна се свиленкасти, прави и помалку склони кон митарење. Бањајте ги секогаш кога е потребно. Проверувајте им ги и чистете им ги ушите редовно. Четкајте го крзното на нозете надолу над шепите и стрижете го во должина со основата на шепата. Стрижете ја косата околу шепите, но не и меѓу прстите. Редовно четкајте им го крзното откако си играле надвор о ливада или двор за да ги остраните можните чворови, тревки или крлежи. Овие шпаниели се митарат просечно. Добро ќе живеат во стан доколку ја заоволуваат својата потреба за движење.

Тренинг:

На англискиот кокер шпаниел не му е потребно премногу движење. Ќе се усреќи со онолку движење и вежби колку што ќе му дозволите. Водете ги секојдневно на прошетки. Повеќето вакви кучиња сакаат да пливаат.

Дресура:

Овие шпаниели сакаат да учат и брзо разбираат што барате од нив. Може да се обидат да ви ја превземат улогата на лидер, па потребно е дресирањето да биде со разбирање и доследност.

Англиски Мастиф

  • Класификација: куче чувар
  • Други имиња: Mastiff / English Mastiff / Old English Mastiff
  • Земја на потекло: Англија
  • Животен век: 9 до 11 години
  • Темперамент: самоуверени, горди и добродушни
  • Тежина: 68 - 91 кг,
  • Висина: 70 - 76 см,
  • Бои: жолто-кафеава

Земја на потекло:

Мастифот, или англискиот мастиф, е англиска раса која потекнува од древните изумрени врсти Alaunt и други Molossers од пред илјадници години. Зборот мастиф најверојатно произлегол од староанглискиот збор ‘masty’ кој значи моќен. Во време на Римското царство мастифот било боречко куче кое се борело во арените со гладијатори, мечки, па и слонови. Во средниот век, мастифот било популарно куче чувар и ловџиско куче. Се препоставува дека пристигнале во Америка со познатиот брод Mayflower во 1800 години. Додека низ годините нивната слава опаѓала во Европа, во Америка се повеќе растела. Денес тие се меѓу омилените домашни миленичиња и кучиња чувари.

Дресура:

Дресирањето треба да се одвива со обострана почит, доследност и разбирање. Сакаат да учат, но може да одбиваат да научат некои трикови кои ги сметаат за бескорисни. Се препорачува дресирањето за послушност да започне уште додека се мали.

Карактер:

Мастифите се самоуверени, горди и добродушни. Ретко лаат, но не ги сакаат многу туѓинците, па ќе ја бранат својата територија и својата фамилија кога тоа е потребно што всушност ги прави одлични кучиња чувари. Често се лигават. Добро се сложуваат со децата, со други кучиња и со други домачни миленичиња доколку добро се социјализирани.

Тренинг:

И покрај нивната големина, мастифите имаат просечна потреба од движење. Уживаат да шетаат или да си играат во дворот. Малите вакви кутриња не треба да се движат премногу, или да вежбаат премногу, бидејќи потребна им е сета енергија за да развијат цврсти коски и да ја добијат соодветната килажа. Поради нивната голема става, не се препорачуваат за живот во мал стан.

Неопходна грижа:

Крзното на мастифот не бара многу тимарење. Во периодот на митарење, мртвите и слаби влакна треба да се отсрануваат со гумена четка. Како и сите поголеми кучиња, и на мастифот му е потребна мека подглога на која ќе спие за да се избегне создавањето на белези од притисок.

Англиски Спрингер Шпаниел

  • Класификација: ловџиско куче (птичар) и домашно миелниче
  • Други имиња: English Springer Spaniel
  • Земја на потекло: Англија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 12 до 14 години
  • Темперамент: паметни, послушни, друштвени, храбри, вешти, брзо учат, весели, секогаш добро расположени
  • Тежина: 18 – 25 кг,
  • Висина: 46 – 56 см,
  • Бои: бела со црна или црвенкасто-кафеава

Земја на потекло (Историја):

Англискиот спрингер шпаниел се смета за основач на сите видови англиски ловџиски шпаниели. За време на ренесансата тие се сметале за идеални придружници на ловците. Во Америка станале познати во 1700 години. Кламбер, сасексшкиот, велшкиот, полскиот, ирскиот и кокер шпаниелот се развиле од англискиот спрингер шпаниел. Шпаниелите се разликуваат по големината и се користат за различни цели. Порано се сметале за ист вид со кокер шпаниелот бидејќи се раѓале во исто легло. Леглото се состоело од помали и поголеми шпаниели. Помалите кучиња биле кокери и биле одгледувани да ловат чапљи или шумски шљуки, а поголеми кучиња од леглото биле спрингер кои биле одгледувани за откривање на пленот кој потоа изненадно го зграбувале (името спрингер произлегува од англискиот глагол spring on што значи да изненадиш некого). И помалите и поголемите кучиња од овој вид се одлишни ловци кои можат да ловат и на копно и во вода.. Одлишно се снаоѓаат и низ грмушки, а се и добри ретривери. Англискиот кинолошки клуб не ја признал расата како различна и посебна од англискиот кокер шпаниел се до 1902 година. Американскиот кинолошки клуб ја признал расата во 1910 година.

Карактер:

Англиските спрингер шпаниели се паметни, послушни, друштвени, храбри, вешти, брзо учат, весели и секогаш добро расположени (постојано го мрдаат своето опавче). Сакаат да бидат дел од семејството. Доколку ги игнорирате, ќе станат хиперактивни, ќе лаат многу, а може да станат и деструктивни. Обожаваат да си играат со предмети како чорапи и шишиња кои ќе ги најдат низ домот. Познати е по тоа дека се дружељубиви и добри и со децата, и со други кучиња, и со други домашни миленици. Некои англиски спрингер шпаниели може да се однесуваат агресивно кон други кучиња од ист пол. Како и да е, се препорачува добра социјализација уште додека се мали кутриња за да се навикнат и да им биде удобно во друштво. Верни се и љубезни кон семејството кое ги чува. Тие се и добри чувари. Лесно се адаптираат на различни животни услови, односно и на живот во село и на жвот во град што ги прави идеални домашни миленичиња.

Крзно:

Англискиот спрингер шпаниел има густо и мазно крзно кое е водоотпорно и не се валка лесно. Крзното е бело со црни или црвенкасто-кафеави делови. Може да има жолти делови најчесто на образите или над очите. Спрингер шпаниелите кои се за на изложба на кучиња имаат подолго, помазно крзно со повеќе бои, додека шпаниелите кои се едноставно ловџиски кучиња имаат пократко и погрубо крзно кое е побело за кучето да е позабележително.

Дресура:

Не е тешко да се дресира англискиот спрингер шпаниел. Тие се интелигентни кучиња кои се желни да ви удоволат. Најдобро функционираат со доследен лидер кој знае јасно да ги постави правилата. Нема да реагираат добро на груб третман, затоа што се чувствителни на тонот и гласот на сопственикот или дресерот. Дресерот и споственикот треба да бидат сталожени и да бидат авторитативни по природа. Како и да е, се препорачува тренинг за послушност. Способни се да научат најразлични трикови и ловечки вештини.

Тренинг:

Спрингерите ќе уживаат во онолку вежби колку што ќе им зададете. Потребно им е многу движење за да бидат среќни. Водете ги на долги прочетки секој ден или нека ве придружуваат додека џогирате. Добро би било да имаат шанси да се истрчаат и да си играат слободно без да се врзани на ремен. Сакаат да бидат во улогата на ретривери и обожаваат да пливаат. Добри натпреварувачи се и во различни агилни спортови и во натпревари за послушност.

Белгиски Овчар

  • Класификација: Историско движечко куче на стада, сега и семејно милениче.
  • Други имиња: Groenendael Belgian Sheph
  • Земја на потекло: Белгија

Општ изглед:

Крзно – Оваа раса има крзно со долго влакно и со подвлакно. Тервиерен овчарските кучиња се црвени, со бледа кафеаво сива боја и секоја комбинација од кафеава накај сива и со црна вилица.

Карактер:

Овие кучиња се енергични, претпазливи, интелегентни, желни за работа, многу радосни и внимателни. Оваа раса сака да биде во близина на нивниот сопственик во нивниот дом.

Однос:

Оваа раса се снаоѓаат многу добро со нивниот вид, со мачки и со останатите миленичиња особено во случај кога ќе ги запознаат како малечки. Се додека децата се однесуваат добро со нив тие не претставуваат никаква закана за нив. Имаат обичај да биде недоверлив со непознати лица.

Дресура:

Нивната самодоверба треба да биде изградена уште како мали кученца. Носете ги на нови места и секогаш под ваша контрола оставете ги да изградат познанства со различни луѓе и животни. Обезбедете овие контакти да бидат позитивни по природа. Многу брзо учат и одлично реагираат на гласот на нивниот сопственик. Удирањето и викањето по нив е сосема непотребно и може да има спротивен ефект. Нежна но решителна воспитна рака може да игра голема улога кај нив. Тие се поволни за различни видови на спортски активности, посебно за натпревари за издржливост и игри со топка.

Тренинг:

Кога ќе добие доволен надворешен тренинг се однесува смирено. Повеќето примери со оваа раса се вљубени во играње со топка и во играта пронајди го загубеното.

Бернандинец

  • Класификација: куче чувар
  • Земја на потекло: Швајцарија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 8 до 10 години
  • Темперамент: друштвени, смели, верни, авантуристи, добродушни
  • Тежина: 50 – 90 кг
  • Висина: 65 – 90 см
  • Бои: бело-кафеава (најчесто), бело-црна, бео-црвена, бело-жолта

Земја на потекло (историја):

Бернардинецот е Швајцарска раса на масивни кучиња кои најверојатно потекнуваат од античките римски молососи и домородните швајцарски раси. Во XVII век тие служеле како кучиња-спасувачи на западните Алпи. Тие ги наоѓале изгубените туристи и лежеле до нив да ги стоплат. Бернардинците оваа улога ја имале со години и спасиле илјадници животи. Тие биле именувани во XIX век откако биле познати како „куче светец“ или „Barry“ по тамошниот свештеник Св. Бернард кој спасил повеќе од 40 животи. Подоцна бернардинците биле вкрстени со Њуфаундленд за да се подобри нивниот број, со што и се добила варијантата со долго крзно. Денес, бернардинците иако се едни од најголемите раси, тие се и едни од најпознатите домашни миленици. На сите нас најпознат ни е бернардинецот Бетовен од истоимениот филм.

Карактер:

Бернардинецот е друштвен и добродушен. Многу добро се согласуваат со децата, други кучиња и други домашни миленичиња. Сакаат да си играат. Авантуристи се. Многу се смели, па секогаш ќе ги бранат неговиот сопственик, фамилијата или територија. Многу се верни. Возможно е да се лигават.

Крзно:

Бернардинецот може да има грубо или мазно крзно. Основата е бела со делови во кафеава, црна, црвена или жолта боја. Повеќето бернардинци имаат црни уши. Кај бернардинците со педигре со бело крзно треба да се покриени следните делови: нозете, градите, околу вратот, врвот на опашката и вертикалната линија меѓу очите.

Тренинг:

Потребно им е секојдневно раздвижување и вежбање, но не толку многу колку што би претпоставиле поради нивната големина. Ќе бидат задоволни со прошетки и кратко растрчување. Сепак, треба да ги движите доволно за да немаат проблеми со прекумерна тежина. Бернардинците повремено ќе сакаат подолги прошетки или да трчаат слободно малку подолго.

Тело:

Бернардинците имаат голема глава со голема горна усна, кратка и длабока рилка и збрчкано чело. Имаат прав грб, мускулести нозе и големи шепи. Опашката е голема и се носи спуштена ниско.

Бигл

  • Класификација: ловџиско куче и домашно милениче
  • Други имиња: Beagle
  • Земја на потекло: Англија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 12 – 15 години
  • Темперамент: весели, живи, друштвени, храбри, паметни, своеглави, решителни, внимателни
  • Тежина: околу 15 кг
  • Висина: 33 – 41см
  • Бои: бело-кафено-црно

Карактер:

Ова се весели, живи, друштвени, храбри и паметни кучиња кои понекогаш знаат да се своеглави, но се и решителни и внимателни. Склони се постојано да душкаат и да следат мириси кои ќе ги уловат. Овие кучиња генерално добро се сложуваат и со децата и со други кучиња, па дури и тушинците и гостите топло ќе ги пречекаат. Привикнете ги на мачки и други домашни миленичиња уште додека се мали.

Дресура:

Биглот не е најпослушната раса на кучиња. Тие се самостојни ловџиски кучиња, но можат да ви бидат и неверојатно добри домашни миленичиња. Добро би било овие кучиња да ги носите на тренинг за послушност.

Грижа:

Четкајте го крзното секој ден за да ги отстраните мртвите и оштетени влакна. Како и кај другите раси на кучиња со виснати уши, така и ушите на Биглот треба редовно да се проверуваат и чистат.

Тренинг:

Биглот е идеално домашно милениче за спортски активни луѓе, но не е многу соодветно за живот во стан. Сака да биде надвор и најсреќно ќе живее во кучарка заедно со други кучиња.

Бишон Фризе

  • Класификација: Импресивно бели, горди и постојано на штрек.
  • Други имиња: Bichon Frisé
  • Тежина: 3-5 кг,
  • Висина: 20-30 см,
  • Бои: Чисто бели. Во првите години крзното моче да има кремави или нијанси во боја на кајсија кои треба да изчезнат до 1та година на кутрето.

Земја на потекло (историја):

Оваа раса потекнува од медитеранското Barbet куче кое е со дебело и виткано крзно. Ваквото куче било вкрстено со куче со мал раст и бело крзно и се добила сортата Bichon Frisé. На почетокот нивното име било 'Barbichon', но подоцна французите го скратиле во Bichon и го додале зборот Frisé кој значи виткано или кадраво. Бојата на крзното се утврдила откако Bichon Frisé било спарено со малтечкиот териер. Тие се класифицирани во 4 различни категории: хавајски, болоњски, малтешки и оние од Тенерифе. Италијанските морнари ги донеле во Италија од Канарските Острови во 1300тите години и тие веднаш станале популарни миленичиња на италијанската и француската аристократија, меѓу кои и кралот Франсис I. За време на Првата светска војна оваа раса за малку не исчезнала. Опстанале бидејќи биле популарни магионичари на уличните трубадури кои се изведувале во тоа време. Француските одгледувачи се обиделе да ја оживеат оваа раса во 1930тите, но нивната популарност повторно пораснала во 1950тите кога оваа раса била донесена во Америка. Најпознатата раса која настанала од Bichon Frisé се пудлиците.

Карактер:

Овие кутриња се чувствителни, отворени, искрени и многу весели. Тие се интелигентни, дружељубиви и среќни. Тоа е живо кутре кое ќе ви потскокнува од среќа. Уживаат да се дружат и галат. Тие се желни да се спријателат со сите, со други кучиња, со деца, па дури и со туѓинци. Ова ги прави одлични фамилијарни миленичиња. Како и да е, понекогаш, слично како мачките, Bichon Frisé имаат ненадеен полет на енергија и може да се растрчаат низ домот. Реагира послушно на правилна дресура и се зближува со дресерот. Бидејќи се друштвени по природа тие ќе уживаат да одат секаде со семејството.

Дресура:

Бидејќи ова се навистина паметни кучиња, тие брзо ќе научат сѐ што сакате да прават. Не постои проблем при нивната дресура, иако генерално мажјаците полесно се дресираат отколку женките. Оваа раса на кучиња е доста динамична, па ќе бидат потребни повеќе вежби, прошетки и игри. И покрај нивниот мал раст, тие се желни да играат енергични игри во домот, да беснеат низ дворот или да шетате на ремен. Bichon Frisé може брзо и лесно да се навикне на живот во стан.

Крзно:

Фино, меко и свилекнасто, со спирално виткани локни кои се долги околу 7-10 см. Крзното е хипоалергениско и не се митари, што ова куче го прави одличен миленик за оние кои се алергични. Постојат две популарни чешлања на ваквите кучиња, и тоа: кратко крзно како на пудлиците или долго пуфкасто крзно кое дава поокругол изглед.

Боксер

  • Други имиња: Boxer
  • Земја на потекло: Германија
  • Хипоалергично: Не
  • Животен век: 10 до 12 години
  • Темперамент: Playful, Intelligent, Friendly, Devoted, Loyal, Energetic, Calm, Fearless, Confident, Cheerful, Brave, Bright
  • Тежина: Мажјаци 30-32кг; женки 24-25кг,
  • Висина: Висината на гребенот кај мажјаците изнесува 57-63см; женки 53-59см
  • Бои: Бојата на боксерот е жолта или тигреста. Жолтата боја се движи во нијанси од светло жолта до темна. Тигрестиот е на жолта основа, на кои се поставени темни и црни ленти, кои ги пратат правецот на ребрата.

Земја на потекло (историја):

Германскиот боксер е дефиниран како "пес на убавата грдост". Датира од 1850 година. Создаден е со вкрстосување на Bullenbeisser (Bull – Бик и beisser – гриз) и булдог. Bullenbeisser се користел за борба со бикови и за лов на диви свињи и мечки. Bullenbeisser било многу силно куче, храбро, издржливо и со многу јак стисок на вилицата.  Сакајќи да се подобрат некои карактеристики кај Bullenbeisser, тој е вкстосуван со булдог, раса што се одгледувала во Англија во XII век, која раса исто така се користела за борба со бикови. Во борбата кучињато требало во што е можен покус рок да го обори бикот, фаќајки го за муцката и го држеле се додека неискрвари. За ваков вид на борба биле потребни кучиња со понизок раст, јака вилица и широк граден кош.

Со вкрстувањето на овие две раси на кучиња се добило поснажно и поголемо куче од булдогот, со снажна глава, поцврста градба. Кучето со сплоснатиот нос и истакнатите заби, заедно со неговата целовкупна физиономија, шири страв. Исто така го стекнал и атрибутот на непобедливо куче. Било користено како куче чувар.

Таткото на оваа раса се смета дека е кинологот Freidrich Roberth, кој големо внимание посветувал на психолошките црти на неговите кучиња. Благодарение на него, боксерот ги зачувал своите оригинални карактерни особини, кои го прават посебен. Со вкрстување на Bullenboissera и булдогот се добива куче кое е различно од тогашниот Bullenboissera, но ја задржало компактноста во телесната градба и сила и се одликувало со уште поголема елеганција. Тогашниот бохер има убава глава, силна муцка, кратко торзо и многу длабок и широк граден кош. Тој брзо стекнал многу приврзаници. Во 1897 се основа Deutscher Boxer Клубот Боксер со седиште во Минхен и во истата година е објавен стандардот на расата, што во 1902 година и во 1905. година претрпува неколку промени. Тој стандард сеуште е валиден.

Дресура:

Боксерот е храбар, борбен, многу цврст на болка. Тој истовремено е и многу стрплив. Доста е радознал и сака да игра, меѓутоа лесно проценува опасна ситуација и е спремен жестоко да ги брани блиските и имотот. Се одликува со висок степен на интелегенција. Боксерот е многу верен, урамнотежен, многу послушен и спремен да изврши секаква задача. Боксерот го краси неговата интелегенција, самоконтрола, способноста да ја проценува секоја опасна ситуација, одлучност, темпераментот и сигурност.

Тело:

Телото е квадратно. Гребенот е нагласен. Грбот е равен, цврст, широк и доста мускулест. Сапите се лесно заоблени и широки. Карлицата е долга и кај женките широка. Градниот кош е длабок и допира до лактите. Длабочината на градниот кош е половина од висината на гребенот. Однапред гледано граите се добро изразени. Ребрата се доста заоблени и се се насочени наназад. Опашот е високо насаден.