Дали кучињата (треба да) имаат законски права?

Судовите денес ги гледаат кучињата во поинакво светло, но најдобриот пријател на човекот сé уште се смета за сопственост според законот.

Зошто кучињата треба да имаат права?

Додека останатите држави во светот имаат некакви или пак комплетни закони за правата на кучињата, кај нас сеуште се сметаат за „некаква сопственост“, правејќи ги да не се законски различни од вашиот мебел или другите предмети во вашиот дом. Ретки се случаите каде човек во нашата држава бил донесен на суд за наштетување на било кое животно заштитено со закон, а скоро и да нема случај каде се судело за наштетување на обичен домачен миленик.

Во Македонија, процентот на застапеност на кучињата во домовите е голем. Можеме да видиме дека во просек, секое трето семејство поседува некаков миленик, а они кои поседуваат кучиња, без разлика дали се домашни или улични, ги сметаат како дел од семејството.

Не е само нашата љубов кон кучињата, што доведе до растечко правно признавање на најдобриот пријател на човекот. Во последниве години, истражувањата откриле дека кучињата не се толку различни од нас. Тие не само што имаат капацитет за сопствени емоции, туку исто така имаат способност и да ги читаат и осетат нашите емоции.

“Науката покажа дека умот на кучето е приближно еднаков на оној на едно човечко дете од две до три години”,

пишува експерт за кучиња и невропсихолошки истражувач Стенли Корен.

“Како дете, кучето ги има сите основни емоции: страв, гнев, радост, гадење, изненадување и љубов”.

И во 2013 година, по две години анализа на “MRI” скенирања на кучиња, научникот Емори Грегори Берн заклучи: “Кучињата се луѓе исто така”.

Дури и папата Френсис се темели врз чувството на животни како кучиња, истакнувајќи дека

“Секој акт на суровост кон кое било суштество е спротивно на човечкото достоинство”

и дека еден ден ќе ги видиме животните на небото, бидејќи “рајот е отворен за сите Божји суштества. “

Што ако најдобриот пријател на човекот ги има истите права како човекот?

Во 2014 година, францускиот парламент ги прекласифицирал животните како “живи суштества”, наместо само како сопственост. Минатата година Нов Зеланд го усвои Билд амандманот за благосостојба на животните, признавајќи дека животните се чуствителни суштества исто како и луѓето. И во декември, Квебек им ги додели на животни, истите права како и на децата според неговите закони.

Со толку многу земји кои признаваат нов правен статус за животните, особено за миленичињата, се чини дека само по себе, по природен пат и другите ќе го следат примерот. Но за жал, размислувањата и правдата за нашите миленици е далеку од светските стандарди. Во Македонија постојат многу друштва и организации кои се трудат да направат промена но најголем фактор игра финансискиот дел. Има премногу улични кучиња каде секојдневно се трујат и малтретираат а за нивно згрижување или било какво помагање се потребни средства и човечка подршка. Се додека нашиот закон не предвиди некакви казни, овој проблем ќе биде секојдневие.