ШТО МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ ОД КУЧИЊАТА

„Вистина е дека се палави и дека оставаат влакна на троседот, но способноста на кучињата секогаш да се справат со конфликтите на свој начин, може да послужи како поука за сите нас“ – пишува Рајан О’Мира, автор на книгата „Паметно куче: животни лекции од човековиот најдобар пријател“.

Иако не гледа ништо лошо во тоа што ви ги изџвакало весниците кои не сте ги прочитале, неговата моќ да препознае кога некој е лут и одма да ја „релаксира“ атмосферата, далеку ја надминува нашата способност да решаваме препирки и расправи, пишува О’Мира, поранешен дресер на кучиња и новинар во К9, часопис за животни.

Лидерите кај луѓето, обично го наметниваат својот авторитет со конфронтација и силата на аргументи, додека лидерите кај кучињата секогаш се оние кои се стрпливи и кои не се агресивни. Кучињата можат своите сопственици да ги „пренесат жедни преку вода“, вели О’Мира, наведувајќи дека тие можат своите сопственици да ги убедат во она што сакаат да веруваат, само како би избегнале проблеми.

„Кога ќе се врати дома и ќе ја најде својата пошта или весниците изџвакани, сопственикот одма ќе го окриви свето куче, кое како и секогаш, ќе го погледне со тажен поглед, а сопственикот ќе каже: знае што направил, се осеќа крив за тоа“, објаснува авторот на книгата.

О’Мира не смета дека кучињата се способни да осетат дали се криви за нешто, но затоа можат да препознаат кога нивниот сопственик е нервозен или незадоволен и да се однесуваат покорено, затоа што тоа секогаш „пали“.

„Кучињата кои ги предводат стадата ги имаат сите тие особини. Тие не одат наоколу и не напаѓаат други кучиња. Тоа се секогаѓ најмирните кучиња кои можат да истрпат неверојатна количина на малтретирање“, наведува О’Мира, додавајќи дека тоа во главно не е случај со лидерите кај луѓето кои мислат дека треба да викаат и да претат со прст за да воспостават авторитет.

„Никој не може да се кара во присуство на куче. Тоа е просто невозможно затоа што кучето ќе се вмеша и ќе направи ситуацијата да стане помалку сериозна. Кучето е брилијантен посредник“, вели О’Мира, кој својата книга ја напишал со желба да дознае што е тоа во кучињата што ги прави најомилени животни на светот и што може од нив да научиме за да го подобриме нашето однесување во друштво.

Автор: Стефан Кирков