Тајмлајн – pedigre.mk

По 6 месечно анализирање на домашниот пазар и пазарот на Србија, заклучивме дека платформа(веб страна/информатор) наменета за сите љубители на домашни миленици, нивен огласник за лесно и препознатливо пронаоѓање, како и платформа која ќе овозможи таргетиран маркетинг на одредена целна група за промоција на блиските бизниси во нашата категорија, сеуште нема.

Нашата идеја (www.pedigre.mk) официјално започнува на 25 Април 2019 година и оттогаш, според сите параметри кои ги користиме за статистика и анализа на посетеност на веб страната, како и физички средби со сопственици на пет-шопови и ветеринарни амбуланти, можеме со сигурност да кажеме дека потребата за ваква платформа е крајно потребна.

Нашата идеја за многу кратко време ќе стане препознатлива, не само за оние кои што се инволвирани на било каков начин во светот на домашни миленици туку и сите останати корисници, каде преку информаторот кој ќе биде креиран со помош на стручни лица (како Стефан Кирков – професионален одгледувач и регистриран судија) ќе можат секојдневно да се едуцираат и информираат за сите новости поврзани со домашните миленици.

Покрај клучните категории (продажба, педигре, подарување, вдомување – во делот за огласи, локаторот на пет-шопови, локаторот на вет. амбуланти, листата на одгледувачници итн.) кои што се веќе активни и користени од страна на нашите крајни корисници, ќе креираме посебна страна за донации се со цел олеснување не само на поединците кои ќе бидат во ситуација да придонесат некое добро за одредени миленици (домашни и/или улични), туку и за ветеринарните амбуланти каде на брз електронски начин, ќе можат да соберат одредени средства за итните спроведени интервенции.

Одлуката за креирање на ваков тип на донации ќе биде единствена на нашиот домашен пазар. Во моментов, сите донации се собираат преку физички уплати на трансакциски сметки.

Овој начин одзема премногу време и претставува „одбивност“ на потенцијалните донатори кои сакаат – но немаат слободно време да застанат на шалтер во банка и да пополнуваат уплатници. Со нашето он-лајн решение, веруваме дека донациите ќе се зголемат и проблемите и несаканите ситуации ќе бидат намалени.

Во план е изработка на форум, а и креирање на локатор за критични места на цела територија. Со помош на форумот сите љубители на домашни миленици би можеле да постават или да пронајдат некое прашање, како и да дискутираат на тема поврзана со истите.

Преку Локаторот за критични места нашите регистрирани корисници ќе можат да објават локација (таг) со фотогорафија за места за кои веруваат дека претставуваат опасност за домашните миленици (пр. фрлен отров и сл.).

Во продолжение, неколку клучни изработки и „тајмлајн“ за идните планови:

Огласник

Продажба, Подарување, Педигре, Вдомување

Простор за огласување на миленици за 4 различни категории.

Ветеринарни амбуланти

База и Локатор

Мапирање на сите активни ветеринарни амбуланти со додатна алатка на „Локатор“ од-до одредена локација.

Пет-Шопови

База и Локатор

Мапирање на сите активни Пет-Шопови со додатна алатка на „Локатор“ од-до одредена локација.

Одгледувачници

Листинг табела

Прибирање и објавување на листинзи на сите активни одгледувачници за сите раси на кучиња.

Храна и аксесоари

Листинзи

Објавување на производи поврзани со храната за миленици и додатоци за домашните миленици.

Црвен Локатор

Мапирање на критични точки

Мапирање на критични точки за сите видови на миленици од страна на корисниците.

Донации

Он-лајн донации

Вметнување на платежен он-лајн сервис за донирање на одредени миленици и вет.амбуланти за извршените интервенции.

Форум

За сите љубители на домашни миленици

Изработка на форум на самата платформа за сите љубители на домашни миленици.

Проширување

Проширување на платформата во Србија

Доколку се продибојат дополнителни финансиски средства, платформата ќе се рашири на Српскиот пазар.

Забавен парк

Забавен парк за сите миленици

Забавно катче за опуштање на сите сопственици на домашни миленици!
(Во план…)

Април 2019


За користење се предвидени повеќе категории, од кои:

1.1 Огласи:

  • Продажба
  • Подарување
  • Пронаоѓање на педигре
  • Вдомување

1.2 Ветеринарни амбуланти: Изработка на мапа/локатор на сите активни ветеринарни амбуланти на територија на цела држава. Кратко инфо околку амбулантата и додатна алатка за лоцирање на точната локација од од („мојата локација“) – до (локацијата на ветеринарната амбуланта).

1.3 Пет-Шопови:Изработка на мапа/локатор на сите активни пет-шопови на територија на цела држава. Кратко инфо околку пет-шопот и додатна алатка за лоцирање на точната локација од од(„мојата локација“) – до(локацијата на пет-шопот).

1.4 Одгледувачници: Изработка на листа на сите активни одгледувачници на територија на цела држава. Кратко инфо околку одгледувачницата (раса, контакт и локација).

1.5 Аксесоари: Објавување на различни додатоци поврзани за домашни миленици (како куќарки и слично).

1.6 Храна за миленици: Објавување на различни типови на производи за храна на миленици.

Мај 2019


2.1 Склучување соработка со Стефан Кирков – Професионален и лиценциран судија.

2.2 Изработка на посебно катче наменето за прашања и информации околу домашните миленици со Стефан Кирков.

Јуни – Јули 2019


3.1 Изработка на наградна игра со објавување на миленици од корисниците на платформата на pedigre.mk. 

3.2 Изработка/поврзување на платежен сервис за објавување на промотивни огласи.

3.3 Изработка/поврзување на платежен сервис за полесно (он-лајн)  донирање на одредени миленици кои што бараат дополнителна финансиска поддршка за нивна грижа.

  • 3.3.1 Дополнителна финансиска помош и склучување договор со одредени ветеринарни амбуланти за реализирање на потребите и грижата на одредени миленици.

Август 2019 – Март 2020


4.1 Организирање на настан за кучиња со гласање за најдобар миленик и награди за 1во, 2ро и 3то место. *(Оваа точка ќе се реализира доколку платформата добие поддршка и дополнителни средства за организирање и функционирање според планот на изработка).

4.2 Изработка на мапа/локатор за лоцирање и мапирање на одредени критични точки на цела територија на нашата држава, од страна на корисниците на pedigre.mk.

4.3 По детална анализа на пазарот, поврзана со идеата на реализација на pedigre.mk, во план е проширување на платформата и на територија на Србија. *(Оваа точка ќе се реализира доколку платформата добие поддршка и дополнителни средства за организирање и функционирање според планот на изработка).

4.4 Изработка на форум за дополнително олеснување и поврзување на корисниците на платформата на pedigre.mk.


Точките кои што се предвидени за идна реализација, можат да бидат изработени само со дополнителна финансиска поддршка од трета страна. Тимот на pedigre.mk го сочинуваат три лица, каде за оваа реализација се одвоени лични средства. Изработката на самата веб страна е исто направена лично од креаторите на идејата. Ќе се трудиме да реализираме се што е планирано, но како што рековме, не секогаш иде се според планот. За дополнителна прашања, информации и соработка, кликнете тука.