Услови на употреба

Последно ажурирање: 31.03.2019

Политика за приватност – заштита на лични податоци

Заштитата и сигурноста на Вашите лични податоци се од преоритет на pedigre.mk. Ние го цениме Вашиот интерес за нашата веб страница и Ви благодариме за посетата на нашиот веб-сајт.

Кога креирате кориснички профил на pedigre.mk, ние ги собираме и чуваме податоците потребни за да го креирате Вашиот профил. Со користење на веб-страната на pedigre.mk и верифицирањето на Вашиот кориснички профил, се согласувате за собирање, обработка и користење на Вашите лични податоци од нашата компанија.

Тие податоци се:

– Име и Презиме
– E-маил адреса
– Телефон за контакт
– Локација
– Податоци на огласот

Покрај овие податоци, можно е собирање на останати податоци поврзани со профилот. pedigre.mk не одговара во никој случај при можно превземање на овие податоци од трети страни. Вашите лични податоци се користат исклучиво за овозможување на нашите услуги и подобрување на истите. Личните податоци од страна на pedigre.mk можно е да бидат откриени без ваша согласност на трети лица.

Во секој момент Вие може да извршите промена, ажурирање, корекција или целосно отстранување на Вашите лични податоци и информации, со соодветно барање доставено до pedigre.mk.

Регистрација

pedigre.mk им нуди на своите корисници он-лајн услуга. За користење на услугите на pedigre.mk е потребна регистрација, а за секоја (идна) платена услуга корисникот е информиран за содржината како и за цените и условите за плаќање. Во случај Вашиот профил да биде избришен поради проблеми од техничка природа, враќањето на парите нема да биде можно.

Верификацијата на профилот е задолжителна

Поради безбедности причини Верификација на профилот е задолжителна.

Откако ќе го верифицирате, во промотивниот период можете бесплатно да внесувате огласи исто така бесплатно да ги менувате вашите огласи. Вкупно можете да управувате до 200 огласи на годишно ниво (оваа бројка може да биде променета во секој момент од страна на pedigr.mk). Цената за верификација ќе биде дополнително објавена од завршувањето на промотивниот бесплатен период. Сите не-верифицирани профили ќе бидат избришани. pedigre.mk во никој случај не одговара за безбедноста при креација на профилите од клиентите.

Сопствена одговорност за содржината

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас. pedigre.mk го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај авторите. pedigre.mk не гарантира постојана достапност на веб страницата. Огласите на pedigre.mk потекнуваат од корисниците и фирмите. Укажуваме на тоа дека pedigre.mk не дава гаранција за квалитетот, целосноста, сигурноста или легалноста на огласите, како и за комуникацијата на корисниците.

Во согласност со членот 14, 15, и 17 од Законот за лични податоци, по Ваше барање должни сме да ги дополнеме, измениме, избришеме или да го сопреме користењето на Вашите лични податоци во случај на нивна нецелоснот неточност, неажурираност и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на законот. Ваквата должност е и Ваше право во случај доколку се констатира некаков пропуст на податоците од наша страна, за што ќе бидете навремено уредно известени.

Недопуштени содржини

Oсобено е недопуштиво да се даваат огласи како понуда, побарувачка или настан на pedigre.mk (текст или слики) со следнава содржина:

Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи и продавници за трговија поврзано со темата на pedigre.mk.

Очигледно несериозни и недоволно опишани огласи.

Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази.

Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини.

Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.

Контакт огласи во име на трета страна.

Огласи на странски јазик без Македонски превод.

Било какви огласи кој не се поврзани со темата на pedigre.mk.

Огласи кој асоцираат на насилство на домашни миленици.

Огласи кои не се во рамките нa правилата на pedigre.mk и огласи кои не се не во рамките во согласност со законски прописи во Македонија нема да бидат објавени.

Приватни лица – претпријатија

На pedigre.mk дозволено е креирање на профили од страна на приватни лица (ветеринарни клиники, организации поврзано со домашни миленици, пет-шопови…) само со дозвола од страна на pedigre.mk. Pedigre.mk не е одговорен за кредитабилноста и легитимноста на овие профили.

Линкови до други веб страни

На веб сајтот pedigre.mk може да се најдат линкови до други веб страни кои не се наша сопственост.

Ако корисникот ги посети таквите страници на оваа веб страна, треба да се почитуваат прописите кои се применуваат за заштита на податоци и други упатства.

pedigre.mk не превзема одговорност за стандардот на заштита на податоци и обработка на лични податоци на други компании.

Сите линкови имаат свои политики на приватност со кои се согласувате во момент кога ќе кликнете на линкот. Во таков случај pedigre.mk не е одговорен, нити пак превзема одговорност за заштитата на вашите податоци, доколку одберете истите да ги пренесете на третите субјекти. Нашата одговорност (делумно) се однесува за податоците кои ги оставате на нашата веб страна, но не и за линкови на трети субјекти врз кои немаме контрола.

Спам, измама, злоупотреба

pedigre.mk не толерира спамови (Масовно создавање на содржински идентични прилози (теми) и/или одговори), што значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Сите вакви огласи кој ќе бидат пријавени или видени од наша страна ќе бидат избришани.

Старосна граница

За да можете да ја користите оваа страница морате да имате наполнето 13 години. Членови под 13 години на pedigre.mk не се прифаќаат.

Престанок, суспензија

pedigre.mk го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на pedigre.mk во секое време, без писмено соопштение, ако истиот според мислењето на pedigre.mk, не тргувал во согласност со условите на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, pedigre.mk ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот,а неговите податоци ќе се чуваат во предвидениот рок.

Отстранување на содржини

pedigre.mk го задржува правото да ги промени, помести, преработи или избрише огласите и записите на  pedigre.mk.  pedigre.mk експлицитно го задржува правото, во секое време да менува, надополнува или брише делови на веб страната или целата објава без претходна најава, или објавувањето времено или трајно да го запре.

Промени во Политиката за приватност

Имајте предвид дека политиката за приватност и условите на употреба на pedigre.mk можат во секое време да бидат променети и актуализирани. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете овде кај услови на употреба на pedigre.mk.