1. Вовед

Оваа Политика на приватност ги објаснува начините на кои pedigre.mk ги прибира, користи и штити вашите лични податоци. Со регистрација и користење на нашата платформа, вие се согласувате со условите наведени во оваа политика.

2. Лични податоци што ги прибираме

При регистрација на pedigre.mk, ги прибираеме следниве информации:

  • Име и презиме (доколку се внесат)

  • Е-маил адреса

  • Телефонски број

  • Адреса
  • Социјални мрежи
  • Локација
  • Назив на бизниси, услуги или сервиси

Регистрацијата се врши со двојна верификација преку OTP код испратен преку Google Firebase.

3. Како ги користиме вашите податоци

Вашите податоци ги користиме за:

  • Автентикација и безбедно најавување

  • Комуникација со вас (на пр. за потврда или известувања)

  • Подобрување на нашата услуга

  • Спречување на злоупотреба и непожелни активности

Никогаш нема да ги продадеме или отуѓиме вашите лични податоци на трети страни без ваша согласност.

4. Заштита на податоците

pedigre.mk користи современи безбедносни мерки за заштита на вашите податоци, вклучувајќи:

  • Верификација преку Google Firebase

  • Cloudflare за дополнителна заштита од напади и штетен сообраќај

Иако преземаме разумни мерки за заштита, не може да гарантираме целосна заштита од неовластен пристап од трети страни.

5. Плаќања и финансиски податоци

Во случај на идно воведување на наплата:

  • Ќе се користат безбедни платежни сервиси како PayPal или македонски системи како Cpay

  • pedigre.mk не чува и не има пристап до податоците од вашите платежни картички

6. Содржина од корисници

Сите огласи и информации објавени на платформата се поставени од самите корисници. pedigre.mk не сноси одговорност за точноста или вистинитоста на тие информации.

Секој член е одговорен за содржината што ја објавува.

7. Колачиња (Cookies) и реклами

Нашата платформа користи колачиња за подобрување на вашето корисничко искуство и прикажување на персонализирани реклами.

Можни се колачиња од трети страни (на пр. Facebook, Google) кои собираат информации за подобро таргетирање на реклами на социјалните мрежи.

8. Вашите права

Секој корисник има право да:

  • Побара увид во своите податоци

  • Побара измена или бришење на податоците

  • Се откаже од користење на платформата во секое време

Барањата може да ги испратите на нашата контакт адреса: contact(at)pedigre.mk