
Платформата на pedigre.mk организираше голем Фото Конкурс за „најлајкуван миленик“. На конкурсот се пријавија повеќе од 100 корисници а успешно се објавија повеќе од 80. Конкурсот можете да го погледнете на овој линк:
https://pedigre.mk/konkurs2025/
Гласањето е сеуште во тек и ќе трае до 30.08. Во моментов имаме повеќе од 13.000 посетители само на страницата за конкурсот и повеќе од 2000 гласови на фотографиите. Прво место добива вредносен ваучер од 50€ а од нас ќе дадеме и подарок за второ место со 25€ ваучер. Затоа, доколку сакате можете да станете поддржувач на овој конкурс и заеднички да поклониме ваучер на оној кој ќе има најмногу „лајкови“.
Што добивате ако станете „спонзор“ односно го поддржите
фото конкурсот?
- Email порака до сите корисници за вашето спонзорство (за ваучер од 50€ или 25€ за прво или второ место)
- Email порака до сите регистрирани корисници на платформата (за огласи, продажба...)
- SMS порака до сите учесници
- Лого од вашиот Пет Шоп на конкурсот
- Објава на соц.мрежи
- Промовирана објава на соц.мрежи со вашето лого и фотографијата од миленикот на учесникот