Бостонски Териер – Мало куче со големо срце

Бостонски Териер – Мало куче со големо срце

Ако барате куче што е мало по големина, но полно со љубов, интелигенција и енергија – бостонскиот териер може да биде идеалниот избор. Ова симпатично куче со препознатлив  изглед, црно-бело (најчесто) крзно и исклучително дружељубив карактер е вистински шармер и совршен придружник за семејства или поединци.

Во продолжение ви претставуваме 5 интересни факти за бостонскиот териер кои ќе ве натераат да го засакаете уште повеќе:

1. Потекнува од САД

Бостонскиот териер е првото признато расно куче кое потекнува од Соединетите Американски Држави, поточно од Бостон, Масачусетс. Расата е создадена во доцниот 19-ти век и е резултат од вкрстување помеѓу англиски булдог и бел териер.

2. Нежен и љубезен карактер

Иако потекнува од раси кои се користеле за борба (во тие рани години), бостонскиот териер денес е исклучително мирен и приврзан. Тој е идеален за семејства со деца, постари лица, па дури и како прво домашно милениче.

3. Мал по големина, голем по дух

Со тежина од 6 до 11 килограми, бостонскиот териер е компактно куче кое лесно се прилагодува и на стан и на куќа. И покрај својата големина, тој е полн со енергија и сака да се игра и да се движи.

4. Паметен и лесен за дресура

Бостонците се познати по својата интелигенција и желба да се вклопат во средината, што ги прави лесни за дресура. Брзо учат команди и сакаат ментални предизвици.

5. Чувствителен и емпатичен

Овие кучиња лесно ги чувствуваат емоциите на своите сопственици и често ќе се обидат да ве утешат кога сте тажни. Тие се вистински пријатели со кои може да се споделат и добри и лоши денови.

Останати објави