
- Испраќач:
- Перо Науомов

- Испраќач:
- Перо Науомов

- Испраќач:
- Перо Науомов

Дали вашиот миленик знае да позира? Дали секогаш го „фаќате“ во најсмешните или најмилите моменти? Време е да ја покажете неговата уникатност и да освоите вредна награда!
Pedigre.mk со задоволство ве поканува да учествувате во нашиот голем фото-конкурс за „Најлајкувана фотографија од миленик“. Споделете ја со нас магијата што ја носи вашиот крзнен пријател и дозволете целиот свет да ја види!
Почеток за испраќање фотографии: Петок, 08.08.2025;
- Фотографирајте го вашиот миленик!
Покажете го неговиот карактер – без разлика дали е разигран, поспан, љубопитен или елегантен. - Испратете ни ја фотографијата
Максимум една фотографија по регистрација – со пополнување на формуларот на нашата официјална страница за конкурсот: www.pedigre.mk/konkurs2025 - Споделете и собирајте лајкови!
Сите примени фотографии ќе бидат објавени на истата страница (тука). Поканете ги вашите пријатели, семејството и колегите да гласаат за вашиот миленик.
Фотографијата што ќе собере најмногу допаѓања (лајкови) до крајот на конкурсот ќе биде победничка! Среќниот сопственик ќе освои ваучер во вредност од 50 евра, кој ќе може да го искористи во одреден пет-шоп во Скопје (името на пет-шопот ќе биде објавено по завршувањето на конкурсот).
- Почеток за испраќање фотографии: петок, 08.08.2025
- Краен рок за испраќање фотографии (15 дена): петок, 22.08.2025
- Крај на гласањето и на целиот конкурс (30 дена): недела, 21.09.2025
- Прогласување на победникот: понеделник, 22.09.2025 на нашата веб-страница.
Објавите од миленици ќе бидат тука...